Home Вести Македонија Тричковски: Никој нема да го убие пилотот ако тој ја штипне Ванковска...

Тричковски: Никој нема да го убие пилотот ако тој ја штипне Ванковска за газот

Сусловиот маневар

Пишува: Бранко Тричковски

Никој нема да го убие пилотот ако тој ја штипне Ванковска за газот додека се разминуваат пред авионскиот тоалет. Ако не е Македонец. Никој нема да го фрли добитничкиот тикет на Европската лотарија (300 милиони евра) само затоа што некој вморон му рекол дека на него има две ешерихии коли и еден вирус на африканската свинска куга.

Освен ако не обожава сапуници каква што е ова за Боки Тредичи, според која е пишувана новелата на Сует Геронимо Езоп. Толку многу што претпочита да џвака пуканки пред телевизорот, наместо да оди по парите.

Што е по националност!? Македонац, нормално.

Јунакот на нашето време не е толку глупав за да убива пилоти на 10.000 метри надморска височина, башка, го боли курот за женските газови што не ги фаќал, но му се случува да се уфилма или да го уфилмаат. Како оние бараби со црешовото топче во 903 или вмороните со портокаловата преродба од 2006 година.

Или со Александар Филипов и Скопје 2014.
Операции што се позаебани за неговиот интегритет од одбраната на Ванковска во некој Ербас 300.

Се сеќавам дека кога беше на еден чекор од политичкиот Монт Еверест, таму некаде во 2006, будимпештанскиот пациент, го повика на чај во Катманду и тој со радост се симна. ВМРО тогаш му го прати Иснифарис Џемаили, му понуди да му се фати за стапот на Иснифарис, и така го спушти Македонцот во првата чајџилница во Катманду. Јебеш Монт Еверес, си викаше тогаш јунакот на нашето време, има време за врвови, дај прво да си ја средиме долината. Хахаха!

Така и сега, пред датумот за преговори: Сите Ленки ги оставија кошулите тенки ленени, на разбој недоткаени и отидоа Телма да гледаат, да видат дал и таму Боки рекетира како и ваму!? На Канал број пет. Јеби га. На Македонецот и не му е толку лошо колку што би можело да му биде со оглед на неговиот инфантилен талент. Или талентираната инфантилност.

Која нема граници. Различни работи се криминалот и употребата на криминалот. Во политички цели. Во употребата на криминалот се гледа дека борбата не е против криминалот, туку е борба со помош на криминалот. За нешто друго. Во политиката тоа може да биде легитимен пристап. Да речеме борбата против мигрантите да не е борба против мигрантите, туку борба за освојување на власта. Океј.

Ние во Македонија пред три години имавме интересна комбинација во која борбата против незапаметениот криминал на режимот на вмро-дпмне, го комбиниравме со борба за преземање на власта, затоа што без тоа немавме никакви можности да се бориме против криминалот кој беше станал државна и институционализирана категорија што ги усмртуваше и државата и општеството.

Сега имаме една многузначна ситуација, во која криминалот, во случајот “рекет”, се користи, прво, за производство на надиснифариска, би рекол, хистерија, која го елиминира рациото од поведението на луѓето и на негово место ги инсталира емоциите, второ, за соборување на власта на бранот на таквото расположение, трето за одбрана на најмонструозните мирновременски злосторници во повоената историја на Европа, особено преку растурање на органот што ги гони, четврто, за саботажа на евроатлантските перспективи со помош на внатрешни реални и форсирани дисквалификации, како што е показниот криминал, хаосот и очајот, огорченоста и бесперспективноста кај луѓето, кои ќе помогнат да се спречи добивањето на датум за преговори во октомври и ќе обезбедат ниска отпорност пред очекуваното преземање на власта, било на некакви избори, било преку насилни немири.

Вака, драги мои, изгледа употребата на еден, во финансиска смисла релативно ситен, а во симболична, во институционална и во психолошка смисла, малку покрупен криминал, за одбрана на најголемиот, најмонструозниот најневеројатниот криминал што и се случил на една земја и на нејзините луѓе. Како оној на Македонија меѓу 2006 и 20017 година.

Затоа беше потребно целата афера да помине низ медиумски, пропагандистички обработки, да се напумпа на компресорот на спектаклот, луѓето да се подготват за пресвртот низ постепени сапунџиски дозирања, да се навлекуваат како на дрогата која предизвикува крајна констернација, резигнација и очајување и бара нови и се пообемни количества колку што очајот кај конзументот е поголем.

Кај Денис Куљиш, кој, пак, се повикува на полскиот математичар и статистичар Кшиштов Осташевски, налетав на дефиницијата на таканаречениот “Суслов маневар”. Се состои во тоа што на секој облик на идеолошки напад, нападнатиот одговара со идентично обвинение. Според овој принцип на најпознатиот идеолог на Советскиот сојуз, Михаил Суслов, кога пласираш компромат, секогаш мораш непријателот да го обвиниш за тоа што самиот го правиш.

Ова што го прават од Здружената злосторничка инсталација на вмро-дпмне, од почетокот на мандатот на оваа влада, е “Суслов маневар форте”. Се состои во напад врз сдсм и врз Заев, за пљачка и уништување на државата преку предавнички проекти во надворешната политика и октоподско исцицување на финансиските и економски потенцијали на државата, односно на народот, со тоа што форте е тука поради нападот врз СЈО со обвинувања за работи за кои СЈО води истраги и процеси, а има и правосилни пресуди, против првите луѓе на вмро-дпмне во претходниот мандат и против инсталацијата во целост.

Во аферата “Рекет” нудат прислушкувани и приснимувани материјали како истоветна техничка основа за детронизација на оваа власт со онаа што беше причината за нивното заминување пред три годни, при што мал проблем претставува фактот дека и едните и другите снимки се правени од центарот за такви операции на вмро-дпмне.
Суслов- кур да бричи!

Мислам дека разликата што е создадена меѓу перцепцијата и вистината за криминалот, ќе помогне кај поголем дел од луѓето да се откријат перманентните злосторнички намери на вмро-дпмне. Не го амнестирам сдсм. Тоа е многу важно. Можеби и клучно. Тоа е централното прашање на македонскиот опстој. Не “рекет”.

Аферата е важна, но не е поважна од крајните интенции на нејзината злоупотреба. Македонија може да го поднесе Боки в затвор или Камчев во егзил, но не може да го поднесе, ви требаат ли во оваа насока дополнителни гаранции, вмро-дпмне на власт. Во таа смисла имам основа да се надевам дека во својот левоцентристички, како и во десноцентристичкиот блок, нацијата ќе се обедини против основното зло во македонскиот организам. Без ниту чекор назад во борбата против криминалот и во “рекет” и во сите други случаи, некогаш и сега и во иднина. Во таков развој на настаните прашањето за криминалот во сдсм или дури на сдсм како проблем, ќе биде пичкин дим. Добро, не баш дим или не баш пичкин, но секако не како проблемот со вморонското чудовиште.

Втората причина за оптимизам ја гледам во една многу проста работа: Девастираното правосудство, чија реформа и денеска ја блокираат чипираните идиоти на злосторничката инсталација, освен за клучната тема на општото добро, денеска решава и за себе.

Нивните шанси за шалтање и партиско корумпирање се исцрпени. Ако низ третманот на случајот “рекет” како и низ предметите на СЈО, дозволат да се девастираат перспективите на Македонија, тие нема да се прешалтаат кај некој друг работодавач, вмро-дпмне, да речеме, туку ќе отидат у пизду материну, со се работните места и имотите, можно е и со се животите, во апокалиптичниот хаос што ќе настане. Никакви обврски што евентуално ги имаат кон партиите или кон поединци, не смеат да бидат над нивните обврски кон себе и кон општото добро. Неприродно би било да се однесуваат поинаку. Не верувам дека толкава ненормалност може да постои.

Конечно, СЈО. Немам зборови да опишам кое разочарување ми го предизвикуваат самите индиции или основи за сомнеж дека Јанева и некои други фактори во оваа тело, биле заплеткани во криминални дејствија, па уште брз грам стил, имагинација, за релативно мали пари во однос на криминалните можности и врз основа на најпростачката платформа која како да е позајмена од македонските народни приказни на Којлозови. Неверојатно.

Никој не знае како ќе се решат двете клучни прашања за СЈО: статусот на Јанева во врска со случајот “рекет” и статусот и на Јанева и на СЈО во врска со Законот за ЈО во Собранието. И во двата сучаја Македонија е во системска блокада што ја диктираат изворните решенија за СЈО, недозволивото поведение на шефицата и интересот на вмро-дпмне. Тука е битен ставот дека не смее да се дозволи поради технички причини да пропаднат предметите на СЈО и најголемите европски бандити да останат неказнети и, второ, аферата “рекет” ќе почне да ја губи моќта да го мобилизира катастрофизмот и ќе се сврти кон издигнување на бран на критика и, дури,оправдана агресија кон вмро-дпмне.

Меѓународниот фактор нема да дозволи елиминација на СЈО на каква се надеваат злосторниците. Знам дека ќе звучи сосема откачено, но, јас ќе речам дека имаме основи овој период да го сметаме за ферментација, да не речам ренесанса на македонската демократија, хахаха, за вриење од кое може да испадне и добро вино. Низ такви фази минувале сите држави и нации.

Тоа е амбиент во кој имаме право да се надеваме дека ќе го фатиме европскиот воз. Не заборавајте, никој не бега од држава што не ја бива, од држава на умирање, бегствата на злосторниците, се добра препорака за Македонија! Ако пак не биде така, нека ги овие и некои други белешки да им кажат на инспекторите што ќе дојдат кој кого убил во оваа претсмртна забава!