Home Естрада Луна Џогани со потресна исповед: Со мајка ми поради нејзе дојдовме во...

Луна Џогани со потресна исповед: Со мајка ми поради нејзе дојдовме во Македонија – боледува од канцер

Името на Луна Џогани стана познато во македонската јавност по настапите в реалното шоу „Задруга“.

Џогани неодамна во интервју за Пинк откри една потресна приказна поради кој ја посетила нашата држава.

„За време додека ја снимав мојата прва песна во Македонија, запознав една дама која веќе две години ме следи, која ме сака безусловно, буквално гледајќи ме како нејзината ќерка.

За жал, таа боледува од карцином, не знам каква е прогнозата, но знам дека е со променлива здравствена состојба, понекогаш е добра, некогаш е лоша. Таа имаше голема желба да ме запознае. Таа ми рече дека нејзината последна желба е да ме запознае и да ме види како насмеана и среќна.

Ја исполнив нејзината желба и тоа е најмалку што можев да направам. Мајка ми и јас отидовме во нејзината куќа, таа ни беше домаќин, ние спиевме кај неа. Кога влегов во нејзиниот дом, чувствував толку позитивна енергија што видов колку е полна со љубов оваа жена и колку може да сака“, заврши Луна.

Loading...