Home Вести Македонија Рушветот за Јанева бил во вид на мебел – во моментов и...

Рушветот за Јанева бил во вид на мебел – во моментов и го запленуваат (ВИДЕО)

Денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека Јанева незаконски стекнала мебел во вредност од 298 илјади денари.

„Обвинителката ја искористила својата службена положба и овластување и за себе и за двајцата осомничени прибавила имотна корист во значителен износ.

За себе добила предмети мебел во вредност од 298 илјади денари, кои за неа ги набавил еден од осмничените, а за двајцата осомничени прибавила имотна корист од еден милион и петстотини илјади евра“, истакна Јовевски.

Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шутка.