Home Естрада Денес се успешни македонски музичари, но во минатото работеле како келнери и...

Денес се успешни македонски музичари, но во минатото работеле како келнери и таксисти

Пејачот Ѓоко Танески во младоста сменил повеќе професии. Пред дваесетина години работел како шанкер, келнер и таксист. Во една прилика призна дека добро се снашол на овие фронтови и дека и денеска не би се срамел повторно да го работи истото.

Неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис сменила и Анета Наковска.

– Прва работа ми беше во агенција за недвижности, за подоцна да работам во фирмата на моите родители. Се пробав и во книговодството, а работев и на шанк во кафеана која беше сопственост на моите родители. Бев вработена и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот. Јас сум за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи. Како што велат возрасните, бадијала работи, бадијала не седи. Тоа е и моето животно мото. – раскажа фолкерката во едно интервју.

Андреј и Панчо од популарното дуо „ДНК“ денес имаат хитовски рефрени и полнат сали, но популарноста воопшто не ги промени. Често евоцираат спомени за почетоците на нивните кариери и за предизвиците со кои се соочувале пред да станат познати.

– Во 2005 година една сезона работев како келнер на позната плажа на Халкидики во Грција. – откри Андреј во една прилика.

Loading...