Home Естрада Стефан ,,Некст Тајм” се соблече на плажа и ги збудале девојките (ФОТО)

Стефан ,,Некст Тајм” се соблече на плажа и ги збудале девојките (ФОТО)

За Стефан од „Некст тајм“ годишното време не прави некоја разлика кога е во прашање спортувањето и вежбите во теретана.

За оние кои пред доаѓањето на топлиот период вежбале, летото е резервирано за покажување на резултатите, особено на плажа. Но, за Стефан ова правило не важи, бидејќи е константен во салата за вежбање без оглед на временските прилики и неприлики.

Некои би рекле дека џабе вежбање ако тоа не се покаже, па така и пејачот!

Кај него нема пауза од тренинг во лето, но исто така нема ни пропуст кога е во прашање разголувањето и покажувањето на мускулестото и дефинирано торзо.

Ова лето во фокусот не е неговата понежна половина, туку тој и никој друг- дури и на фотографијата од плажа која ја објави на неговиот Инстаграм.

Loading...