Home Естрада Познато колу чинат српските фолкери: Летово „жнеат“ пари, меѓудругото и во Македонија

Познато колу чинат српските фолкери: Летово „жнеат“ пари, меѓудругото и во Македонија

Во текот на летотот најпопуларните пејачи заработиле огромни суми пари од настапите, а рекордер меѓу нив е Саша Матиќ.

Саша Матиќ со години е најбараниот машки изведувач. Летово одработил 30 настапи, а до крајот на месецов го чекаат уште пет. Неговиот хонорар е 13.000 евра, па така Матиќ летото ќе го испрати побогат за 455.000 евра, пишува Свет познатих.

На оваа листа е и Аца Лукас. За 24 настапи, од кои за секој добил по 12.000 евра, заработил 288.000 евра.

Незначително помалку профитирале Цеца Ражнатовиќ и Лепа Брена.

Брена летово имала 12 големи концерти, а нејзиниот просечен хонорар е 20.000 евра, што значи дека е побогата за 240.000 евра.

Ражнатовиќ е позната по тоа што не настапува секој викенд и што нејзините тезги се значително поскапи од настапите на останатите колеги. Таа летово настапила само петпати и за тоа имнкасирала 255.000 евра.

Голем скок на популарноста доживеала Наташа Беквалац. Таа од 30-те настапи летово заработила 210.000 евра, со оглед на тоа што просечен хонорар ѝ е 7.000 евра.

Веднаш по неа е Драгана Мирковиќ која летово ќе го заврши со 20 настапи и заработка од околу 200.000 евра. Таа би профитирала и многу повеќе, но неколку настапи на плоштади ги одработила бесплатно. За настап во дискотекла Драгана наплатува 15.000 евра.

Loading...