Home Естрада Северина се отвори и откри што во знак на благодарност почнала редовно...

Северина се отвори и откри што во знак на благодарност почнала редовно да му прави на сопругот

Иако многумина се сомневаа во љубовта на хрватската ѕвезда Северина и 15 години помладиот Игор Којиќ, тие веќе четири години уживаат во брачната среќа.

Се венчаа дури трипати, Во Итсра, Белград и Занзибар, а дека нивниот однос е посилен од ден во ден, пејачката откри во разговорот за хрватското издание на „Глорија“.

Loading...

Игор е дефинитивно најважниот играч во мојот тим, бидејќи е мојата љубов и најголемата поддршка. Среќна сум што сакам и што сум сакана, а тоа е идеалот на секој партнерски однос. Игор го обожава мојот син и многу добро се разбирам со него, а мене ми е најдобар пријател: постојано сме заедно, имаме слични погледи на животот и тој ми е, покрај синот, најголемата инспирација. А јас почнав редовно да му готвам во знак на благодарност“, раскажа Северина и истакна дека конечно созреала.

Не се занесувам со минатото, ниту го преживувам. Минатото е добро само за интервјуата, во кои е убаво да се потсетиш што си правел, со кого си бил за да се направиш важен. Во мојата работа секој нов ден е натпревар за тоа колку си постигнал нешто“, заклучи пејачката.

Loading...