Home Естрада Дарио Панковски се враќа во форма – видео од проба

Дарио Панковски се враќа во форма – видео од проба

Дарио Панковски својата музичка кариера ја започнал во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хитови од тоа време се:

Добрите девојки,Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест.

Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.

Дарио минатата година, постигна голем успех на Хрватскиот пазар, со хрватската верзија на песната “Што е мое ќе си дојде”, која произлезе како резултат од успешната соработка со една од најпознатите мотивациски говорници на Балканот, Ана Бучевиќ.

Дарио сними уште една своја македонска песна на хрватска јазик. Станува збор за песната “Жена за милијун година”

Денес на Инстаграм Дарио сподели кратко видео од проба, со еден од своите најголеми хитови. Дали тоа значи дека наскоро спрема кобцерт, останува да видиме.