Home Естрада Лепа Лукуќ: Боки 13 e фин човек, но многу пејачки се плашат...

Лепа Лукуќ: Боки 13 e фин човек, но многу пејачки се плашат да не проговори во затворот

И понатаму Боки 13 е топ тема во медиумите. Како што е познат тој е првоосомничен за случајот „Рекет” и е во притвор заедно со бизнисменот Зоки Кичеец, имаше многу пријатели на српската естрада, а една од нив беше Лепа Лукиќ.

Боки jас го познавам веќе девет години. Се запознавме кога двајцата учествувавме во реалното шоу „Големиот брат“. Оттогаш, понекогаш се слушаме и се гледаме. Јас бев на отворањето на неговата телевизија во Македонија, а неколку пати тој ми закажа тезга за Нова година.

Го познавам како многу фин човек, можам да кажам се најдобро за него. Сега, што точно било и што направи за да го уапсат, немам идеја – рече Лепа Лукиќ и додаде:

„Слушам дека некои пејачи се плашат тој да проговори во затворот, немам идеја што би рекол тој за нив. Тензијата вештачки расте. Искрено, не знам ништо за неговото апсење, слушам од медиумите и тоа е сè! Заклучува пејачката за „Свет плус“.