Home Живот Нас Власите не има малу, ама убо сме распоредени – по банки,...

Нас Власите не има малу, ама убо сме распоредени – по банки, Вимблдони, Ролан Гароси…

,,Власи (Ароманци) — народ од романската група, населен ширум Балканскиот Полуостров. За нивното потекло има повеќе тези. Некои проучувачи тврдат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други пак сметаат дека Власите се потомци на Трако-Илирите, Епирците или Тесалијци‎те, но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот Полуостров.

Според најновите проучувања за Власите со сигурност се смета дека се потомци на Ромеите, односно остаток од некогашните Византијци[се бара извор], а се смета дека се населени во времето на доаѓањето на Римјаните на Балканскиот Полуостров во I век п.н.е.

Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.”

Ова се некои општи податоци за мирољубивите и пријателски настроени наши сограѓани, кои во Македонија ги има во огромен број.

Власите се препознаваат како луќе кои се големи домаќини, штедливи и најчесто на високи позиции во општеството. Па така, тие се директори на банки, хотели, ги има во МАНУ, меѓу лекарите, професорите.

Многумина со власите се шегуваат дека се скржави, но би рекле тоа доаѓа од она погоре, дека овој народ е домаќински настроен.

Неодамна заврши Вимблдон, а победничка беше Влаинка со потекло од Романија, Симона Халеп, која не се срами да каже дека нејзиното потекло е од Македонија.

Неодамна наидовме на интересен статус на социјалните мрежи: