Home Естрада Родителите на Боки 13 од срам не излегуваат од куќата! Неверојатни детали...

Родителите на Боки 13 од срам не излегуваат од куќата! Неверојатни детали од разговорот на Ивона со српски новинар!

Новинарот Немања Вујичиќ од емисијата “Premijera – Vikend special” на почетокот од новата сезона приготвил ексклузивен прилог за Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој неодамна беше уапсен и осомничен за изнудување пари.

Главна соговорничка на Немања била Ивона Тасовска, главен уредник, а тие двајцата се нашле во близина на приватната клиника на Јордан Камчев, за кој Боки се сомнева дека го рекетирал.

“Тоа е најголемата приватна клиника во Македонија, во сопственост на Орка холдинг, чиј сопственик е неодамна рекетираниот бизнисмен, Орце Камчев и кој ја откри најголемата корупциска афера, во која како што реков, се вмешани судии, тужители, политичари, заедно со Боки 13. Боки 13 изнудувал пари од него – започнала Ивона, па продолжила:

“Фамозниот Луј Витон рекет, милион ипол евра во апоени од 10 евра, па оние женски раце кои ги бројат парите, па спецификацијата на парите се случила во куќата на сопственикот на оваа болница во чија близина се наоѓаме. Се наметнува прашањето, како сето ова време можел да ја работи таа нелегална работа за која денес го обвинува Обвинителството? Според сите официјални и неофицијални информации, истото го сторил и со многу други бизнисмени. Не е само Орце Камчев. Она што го очекуваат македонската и српската јавност е одговорот на прашањето: Кој се му помагал на Боки? Зошто политичарите му помагале, пари не успеале да видат, а ако виделе, зошто молчеле?”

Немања потоа ја посетил семејната куќа на Јовановски, но неговите родители не сакале да дадат изјава, а потоа се упатил кон луксузниот дел на Скопје во кој Боки живеел. Новинарката Александра Тимовска му дала повеќе детали за животот на Боки во овој кварт.

Тој се однесувал сосем природно, се поздравувал со вработените, не дигал многу галама, освен кога правел некои забави. Но сето тоа го правел со најава, според правилата кои важат овде. Дури одел и на базен. Не му доаѓале многу луѓе на гости, освен најблискиот круг на пријатели. Немал свој стан, живеел во изнајмен. Како што слушнав од некои информации, овде становите се околу 1500 до 2000 евра месечно – раскажала Александра.

На самиот крај од прилогот, естрадниот новинар Зоран Василевски Фаци, го дал своето мислење за Бојан.

“Мислам дека Боки во затворот оди со подигната глава, дека добро се држи, дека пее, дека не е паднат со духот, туку баш напротив. Бојан и кога влезе во затворот, одеше со дигната глава. Боки со самата своја појава на естрадата сакаше да биде број еден, а мислам дека сега успеа во тоа – заклучил Фаци.