Home Живот (ВИДЕО) Само весело: Жбогар се фати на орото и заигра на „Македонско...

(ВИДЕО) Само весело: Жбогар се фати на орото и заигра на „Македонско девојче“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прослава по повод Денот на независноста заигра оро со граѓаните.

Песната „Македонско девојче“ која ја пееше Виолета Томовска го натера да заигра со граѓаните.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше меѓу присутните гости кај „Школка“ во Градски парк на прославата на 28 годишнината од македонската независност.

Покрај официјалниот дел и говорот на премиерот Зоран Заев, програмата нудеше и богати културно-уметнички содржини. Претставник од домашната естрада беше Виолета Томовска која ја запеа „Македонско девојче“ на чиј ритам и стихови не остана рамнодушен Словенецот, па се фати на оро со граѓаните.

„Не можев да се воздржам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна Македонско девојче“, напиша Жбогар на својот Твитер налог.

Културно-уметничката и забавна програма, покрај Томовска, ја збогатија и Петко и „Пет плус“, групата „Ај Кју“, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ.