Home Вести Македонија Драги Арсов: Стојан Андов го снема кога требаше да ја потпише декларацијата...

Драги Арсов: Стојан Андов го снема кога требаше да ја потпише декларацијата за независност

Наместо потписот на Стојан Андов – тогашен претседател на Собранието, на Декларацијата за независност стои потписот на првиот потпретседател на Собранието – Драги Арсов, раскажа токму Арсов во интервју за „Република.мк“ дадено во 2016-та година.

Според Арсов, тогаш Стојан Андов не бил подготвен да ја потпише Декларацијата. Со негови зборови, Андов едноставно „исчезнал“, „го немало“.

Во негово отсуство, Арсов ја преземал одговорноста и во улога на потпретседател на Собранието на Република Македонија ја потпишал Декларацијата, на што беше горд до крајот на својот живот.

„И се гор­де­ам со тоа што јас го на­пра­вив во мое име и во име­то на ВМРО-ДПМНЕ. До­де­ка по­стои не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја ќе стои и мо­јот пот­пис под дек­ла­ра­ци­ја­та“, вели Арсов (1937 – јули 2019), еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.