Home Естрада Естрадата во солзи: По бизарна несреќа замина во вечните познатиот рапер

Естрадата во солзи: По бизарна несреќа замина во вечните познатиот рапер

Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина денеска во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако при параглајдерство паднал во вода.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој загинал околу 15,30 часот, а од водата го извлекле неговите пријатели.

Него пријателите го извлекле од вода, повикана била Брза помош, но лекарите констатирале смрт.

Тој во кајтинг бил многу искусен и скоро цела летна сезона ја минал на Ада Бојана.

Далибор Андонов е роден на 8 март 1973 година во Димитровград од каде се преселил во Панчево, а потоа во Белград.

Токму во Белград завршил машинско училиште, но набрзо сфатил дека неговата судбина е да пее. Со музика почнал да се занимава по средното школо. Со песната „Ќе бидам тука“ стана најпопуларен рапер во 1996 година. Татко е на двајца синови.