Home Uncategorized (ВИДЕО) По 20 години је нашле ќерката Јулија која таткото ја загубил...

(ВИДЕО) По 20 години је нашле ќерката Јулија која таткото ја загубил во воз

Белорусинката Јулија Мојсијенко по 20 години повторно е со своите родители.

Таа како 4 годишно девојче исчезнала додека патувала со татко и во воз. Додека во 1999 додека патувала од Минск кон источна Белорисија со татко и Виктор, девојчето исчезнало. Нејзиниот татко се опијанил и заспак , а кога се разбудил , Јулија ја немало. По чудна случајност девојчето завршило во западниот руски град Ријазањ , а можела да ги каже само имињата на своите родители.

„Проблемот е што белоруската полиција ме бараше само во Белорусија, додека во Русија немаше информации за исчезнато девојче“, изјави Моисејенко (24) за руската државна новинска агенција РИА Новости.

Мојсејенко порасна во руско згрижувачко семејство. Минатиот месец, една другарка контактирала со белоруските власти за да открие дали ја бараат Јулија.

Мојсејенко потоа се сретна со нејзините родители, а ДНК-тестот потврди дека тие се вистинските. Таткото изјавил дека е виновен за сè и побарал прошка од својата ќерка.

„Живеевме со надеж 20 години дека ќе ја најдеме“, рече нејзината мајка Људмила.