Home Естрада Северина го исфрли својот 15 години помлад сопруг од нивниот заеднички стан...

Северина го исфрли својот 15 години помлад сопруг од нивниот заеднички стан – еве зошто

Како што пренесуваат регионалните медиуми, првите соседи на Северина и нејзиниот 32 годишен сопруг Игор Којиќ тврдат дека досега повеќе пати ги слушнале како се расправаат на скалите во зградата во која што пејачката живее.

Имено, и покај тоа што на деловен план Северина нижи само успеси, во приватниот живот наводно не и цветаат рози.

Како што изјави извор за српскиот Курир, на Северина и дошло преку глава тоа што малиот Кеба не допринесува ништо за нивниот живот, туку целото време таа го финансира, па затоа решила да го избрка од дома.

Таа на скалите му префрлила дека не може сам ни авионскиот билет да си го плати, на што Којиќ само молчел, но 15 години постарата пејачка не се смирила и реши да го избрка од нивниот дом.