Home Естрада (ФОТО) Катарина Ивановска во 9. месец се соблече на плажа и ги...

(ФОТО) Катарина Ивановска во 9. месец се соблече на плажа и ги збесна туристите

Убавата и згодна мама брои ситно до породувањето, а иако во текот на целата бременост беше доста активна, сега на неколку дена пред породувањето, таа повеќе останува дома, односно како што вели од соба во соба, од кревет на кревет.

Бременоста е најубавиот период во животот на една жена, а Катарина не чекаше долго за да роди и второ дете. Се вели дека во бременоста хормоните кај жената се „до плафон“, а Катарина според објавите на Инстаграм изгледа како да сака да менува облека пред огледало и да го анализира своето тело.

Имено, меѓу поновите фотографии таа објави таква каде носи тесен црн фустан кој ја оцртува нејзината линија која е променета само во пределот на стомакот.

Овој фустан мама Кате го носеше во бременоста со Вања, а и сега за да направи споредба. Беше доста активна во салата за вежбање, што сигурно и е важно да биде во форма откако ќе се породи, а се тоа поради модните ангажмани.

Инаку, до неодамна Катарина го криеше и полот и името на бебето, но откако малечкото е на прагот да дојде на свет, манекенката реши да открие дека носи девојче кое ќе се вика Кира.

За потсетување, ова ќе биде второ дете на манекенката која пред две години го роди Вања, кој пак има „унисекс“ име, кое може да биде и машко и женско!

Извор: Вистина