Home Естрада Лепа Брена изненади многумина со признанието дека не знае да готви

Лепа Брена изненади многумина со признанието дека не знае да готви

-Мојот сопруг Бобо не штеди ниту на храна ниту на пијалаци. Неодамна тој организираше дружење во просторијата за прослави која се наоѓа покрај нашата вила. Целиот претходен ден тој во кујната подготвувал бројни вкусни специјалитети, бидејќи е познат како одличен готвач, објаснувала пред некој ден популарната Лепа Брена пред новинарите, наводно правдајќи се дека Бобo не знае да готви.

– Тоа воопшто не е вистина. Јас сум таа која не знае да готви ниту имав некогаш желба да бидам во кујна. Знаејќи го Бобо како добар домаќин и фактот дека од неговиот дом никој никогаш не излегол гладен или жеден, Бобo пријателите ги форсирал да јадат и пијат.

– И јас исто така јадев и пиев, отворајќи шише по шише. Бобo е тој кој обожава времето да го минува покрај шпорет, а се гледа тоа и по неговиот “труднички“ стомак, хахахааа… се шегуваше Лепа Брена асоцирајќи на гастрономските апетити на Бобо, а која последните летни денови е на море со сопругот.

Таа е во бел комбинезон со сламена шапка на главата, додека тој е во розови бермуди со тегет тениска блуза.