Home Останато Што значи ако христијанин носи црвен конец: Има посебно значење

Што значи ако христијанин носи црвен конец: Има посебно значење

Најчесто им се врзува околу раката на новороденчињата.

Носењето на црвен конец околу рачниот зглоб против уроци е стара традиција на словенските народи, а денес е најпопуларна во Бугарија, источните земји и следбениците на Кабалата, и генерално за народите кои го прифаќаат паганизмот.

Овој обичај се задржал и кај нас, а најчесто се практикува ставање на црвено конче околу раката на новороденчето.

Но, дали христијаните, особено крстените, треба да носта црвено конче околу раката?

Конецот со црвена боја симболизира страст, успех и среќа. Обично се врзува околу зглобот од левата рака, бидејќи наводно, со левата рака сме поврзани со другите сили. Формираниот круг од црвен конец наводно дава заштита од негативни сили и енергија и заштитува од лоши намери и зли луѓе.

Сепак, во христијанството ваквите методи не се одобрени. Нашата вера ги смета за идолопоклонство со што луѓето ја менуваат молитвата. Црвениот конец не е дозволен и затоа што претставува ритуал, потекнува од магијата и се смета за амајлија.

Христијанството како единствен симбол за заштита го смета крстот и молитвата, додека црвениот конец го смета за паганство и симбол кој е во состојба да ја разниша верата.

“Ако ви е потребна дополнителна заштита, поработете подобро на својата духовна состојба”-сметаат православните и католичките свештеници.

Loading...