Home Естрада Актери ќе се испозаколеа на доделување на награди во Лондон

Актери ќе се испозаколеа на доделување на награди во Лондон

Актерот Асан Н’Џи го нападна Џејми Ломас , Тв ѕвезда од серијата “Hollyoaks”. Н’Џи му се закани дека ќе го заколе со нож , а целиот настан е снимен. Во пијана состојба Н’Џи почнал среде фоајето на хотелот каде се одржувала манифестацијата да вика по Џејми.

„Мислиш дека си голем човек? Ќе те убијам, ќе те расечам со нож!“. Потоа го нападнал и го удрил, а Џејми возвратил.

На крајот, интервенираше обезбедувањето , која мораше двапати да ги раздели, по што Н’Џи беше протеран од хотелот каде се одржуваше церемонијата за доделување награди. Соработникот на Џејми од серијата изјави дека се обидел навреме да ја смири ситуацијата, но не успеал.

„Му реков да се опушти. Ова не е толку забавно“, изјави тој за медиумите.
Поради агресивното однесување и хаосот што го предизвика, Н’Џи беше избркан од хотелот „Емердејл“. Инаку, ликот што тој неодамна го играл беше прободен во една епизода со нож, што е токму она со кое му се закани на Џејми.

Веднаш по инцидентот Џејми смирено си правеше селфија со фановите.