Home Естрада „Тоа е многу примитивно“: Цеца признава што никогаш не би направила, а...

„Тоа е многу примитивно“: Цеца признава што никогаш не би направила, а го прават другите пејачки!

Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) има свои правила и принципи на кои се придржува и по кои се води, а едно од нив се однесува и на социјалните мрежи.

Имено, иако патува често, живее во луксуз, има скапи работи и накит, Цеца вели дека никогаш не би ги објавила и покажувала, затоа што смета дека не е во ред.

– Најмногу селфи имам на Инстаграм, не сум таков човек кој ќе ги проширува ваквите вредности. За мене, нешто друго има најголем приоритет. Повеќе сакам да се фотографирам ако сум на добра забава, а да покажувам материјални работи не ме задоволува. Сметам дека е примитивно “, вели Цеца.

Патем, Цеца во моментот на Инстаграм ја следат 768.000 луѓе, додека нејзината наследничка Анастасија има 913.000 следбеници.