Home Живот Славната пејачка во огромна тага по трагедијата: Последните 3 години би сакала...

Славната пејачка во огромна тага по трагедијата: Последните 3 години би сакала да ги избришам од моето сеќавање

Познатата хрватска музичка ѕвезда деновиве ги живее најтешките мигови во својот живот надвор од музиката и професијата.Имено таткото на пејачката Маја Шупут почина по тешката битка со болеста со која се мачеше во изминатите три години.

Некогашниот успешен музички менаџер Борис Шупут кој е заслужен за почетокот на кариерата на неговата ќерка во 2003-та година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која никогаш не се опорави.

-Вчера се опростивме од мојот татко. Беше болен последниве 16 години, а последните три сакам да ги избришам од моето памтење бидејќи беа претешки. Сега конечно е слободен, конечно свој. Ако постои друг свет, сега тој договара концерти, горе би можело да биде многу весело.

Мојот татко кој жареше и палеше се до кобната 2003-та година сите го знаеја, тој ја обожаваше својата работа и својот начин на живот… стои во дел од Инстаграм постот на пејачката која емотивно се опрости од својот татко.

Loading...