Home Живот Еден детаљ оваа ЕСЕН ќе промени се’ во модата

Еден детаљ оваа ЕСЕН ќе промени се’ во модата

Ако нешто сакаме во врска со модата, тогаш тоа е играњето со нејзе и фактот дека само неколку детали можат не само да ја подигнат на повисоко ниво, туку и да го променат целиот впечаток и целиот стајлинг.

Оваа сезона тој детаљ се појави благодарение на ерата на 80-тите и не смо што ќе биде во фокусот на оваа есен, туку се појави и во тукушто одржаните ревии во некои од најголемите светски метрополи, аќе биде во фокусот и во текот на пролет-лето 2020.

Станува збор за ременот, но не било каков ремен, туку ремен кој треба да го стегнете со стил!

Во продолжение ви откриваме неколку идеи како со помош на овој акцесоар да го трансформирате изгледот во трендовска комбинација.

СО ПАНТАЛОНИ СО ВИСОК СТРУК

80-тите се повторно во мода, што значи дека повторно ќе носиме панталони со висок струк; идеално со широк појак. Сетете се на правилата на контраст: модните додатоци од груба кожа најдобро изгледаат со некој лесен џемпер или лесна блуза во нежни нијанси.

СО БЛУЗИ СО ШИРОКИ РАКАВИ

Хармонијата никој досега ја нема откажано: колку рамењата се пошироки, толку струкот е потесен. Што е уште една омилена стилска техника од 1980-тите, а која денес е во фокусот. Во случај на вечерно издание, ременот може да послужи како украс – одберете синџирести ремени или модели поврзани со кристали.

СО СТРУКИРАНИ ЈАКНИ

Да бидеме искрени, периодот “oldceline” беше убаво, но секогаш ни недостигаше грациозното струкирање на нашите женствени облини. Изгубеното време можете да го надополните со јакна од новите есенски колекции или оверсајзд (поголем број), струкирана со широк машки ремен.

Loading...