Home Живот Напуштена од родителите, живее во куќа од кал: Шестгодишно девојче јаде само...

Напуштена од родителите, живее во куќа од кал: Шестгодишно девојче јаде само маргарин и леб

Приказната за шестгодишната Наџа Младеновиќ Билбија од Ниш ја потресе цела Србија, но и регионот. Овие денови таа им се придружи на своите врсници во предучилишното одделение во ОУ „Мирослав Антиќ“.

За разлика од останатите деца кои првиот училишен ден биле испратени од родителите, Наџа до училиштето дошла со нејзината баба. На себе носела гумени чизмички со кал. Нејзините другари носеле разновидна храна, а Наџа со себе носела само парче леб, намачкано со маргарин, бидејќи откако знае за себе тоа и е најчест, а понекогаш и единствен оброк.

Ова девојче го напуштиле родителите, мајката заминала кога имало пет ипол месеци, а таткото е само формален старател, но живее во Краљево со новата сопруга. Во животот и останале само бабата и дедото, родителите на нејзиниот татко. Тие двајца со години се труделе и бидат замена на Наџа за родителите, но тоа воопшто не им одело лесно, бидејќи живеат од скромната пензија на бабата Славица и социјалните примања на дедото Светомир.

Но, парите не се нивниот единствен проблем. Ова семејство има поголеми проблеми, а тоа е она што живее во куќа од кал, полна со влага која ја влошува астмата на Наџа, што се бањаат во корито и што девојчето мора да оди во полски тоалет, како и тоа што мебелот им е втасан за во депонија.

За работите да бидат полоши, девојчето секојдневно ќе треба да пешачи по 5 километри по земјен пат, а потоа по нормални сообраќајници за да може да стигне до училиште.

Проблемите некако почнуваат да решаваат поради помошта на хуманите луѓе од ОУ „Мирослав Антиќ“. Најпрво тие добиле храна, а потоа облека за малата Наџа. Таа не знае за друг живот, бидејќи дури сега ги запознала првите другарчиња. Благодарејќи на нив, нивните родители и училиштето ќе започнат подобри денови за малата Наџа.

Loading...