Home Живот Семејство од Штип си го продаде целиот имот за да ја спасат...

Семејство од Штип си го продаде целиот имот за да ја спасат ќерката, но им недостигаат половина од парите

Семејство од Штип си го продаде целиот имот за лекување на болната ќерка. Ќе помогнат ли и граѓаните

60.000 фунти за спас на МАМА. Вака 5-годишната Емили и 8-годишниот Антони, молат за донации неопходни за животоспасувачка операција на нивната мајка Соња.

Досега на интернет се собрани само 933 фунти, што е незначителен еден отсто од потребната сума.

Соња, е 36- годишна штипјанка , мајка, сопруга, ќерка, сестра , но и очеан пациент во напредна фаза на канцер. Три операции во Англија, Бугарија и Германија, не успеаја да ја оттргнат злокобната болест од нејзиното тело.

Започнат од јајниците, префрлен на дебелото, а сега и на тенките црева, ракот кај Соња никако да се повлече:

„Поминаа три месеци и пак се повтори. Мораше да оди во Бугарија бидејќи во Англија не се нафатија. Плативме 6.000 евра но пак ништо“ изјави Велика Митева

Но операцијата во Германија чини неверојатни 120.000 евра. Семејството на Соња си го продаде целиот имот за лекување на болната ќерка , но се собраа само половина од парите:

Имавме една куќа во населбата Станица и моравме да ја продадеме за да помогнеме. Помош имавме и од комшии, од пријатели. изјави Велика Митева , мајка на Соња

„Ние плативме 60.000 евра а сумата е 120.000 евра. За останатите 60 тражеме помош“ Иле Митев, татко на Соња

Семејството даде се, до последниот денар заврши з алекување на Соња. Сега на потег се граѓаните. Од нивната хуманост зависи животот на Соња, но и тоа дали нејзините две се уште премногу мали деца ќе растат со мајка:

Целата сторија проследете ја на Телевизија старс.

Loading...