Home Живот Шабан Шаулиќ имал уште еден син во Америка кој му испратил писмо...

Шабан Шаулиќ имал уште еден син во Америка кој му испратил писмо за да му каже дека постои

– Господине Шабан, не знам како да го започнам ова писмо и не знам како да ви се обратам. Ви пишувам од далечната Америка, од Колорадо, таму каде некогаш одмна сте запознале една Ана. Е, па јас сум нејзин син, и ваш син. Не сакам да мислите дека ви се јавувам затоа што ми треба нешто од вас, само имав потреба да ви кажам дека сум жив, здрав и дека постојам.

Вие не сте за ништо виновен, јас ништо не ви забележувам. Ве молам да ми простите ако ве вознемирив. Сакав само да ви се јавам. “Се најдобро, тато!“

Откако кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ трагично го изгуби животот, се дозна дека минатата година, наводно неговиот вонбрачен син кој никогаш не го запознал, се самоубил, а се открил негов пријател од Америка.

– Сакам да ви раскажам што слушнав. Александар е роден и живеел во Колорадо, а неговата мајка Ана била во кратка врска со Шабан Шаулиќ. Таа добила дете и сама го одгледувала, додека не се омажила за еден добар човек. Александар подоцна го променил своето име и го земал презимето на својот очув, Милер.

Неговата мајка и се доверила на мојата сопруга дека всушност тоа е дете на Шабан, но дека таа пејачот никогаш повеќе не го видела ниту го слушнала. Всушност не ни сакала да му каже. Го родила детото и дури пред неколку години, откако починала, нејзиниот син од мојата сопруга дознал за таа приказна. Тогаш малку се збунил, но не пројавил никаква желба да го пронајде, наводно вистинскиот татко. Живееше мирно и пристојно, никој не знае зошто дигнал рака на себе, се зборуваше дека дознал оти е болен и дека затоа го сторил тоа, раскажал изворот за “Свет“.

Loading...