Home Вести Македонија Зоран Азманов кој уште во јануари се пожали дека му се прави...

Зоран Азманов кој уште во јануари се пожали дека му се прави рекет преку емисија, денес дава исказ

Бизнисменот Зоран Азманов уште во јануари оваа година се пожали дека преку емисија на телевизијата на Боки 13 му се прави рекет, утринава пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Азманов само кажа дека е на повикан од Обвинителството и дека не доаѓа по сопствено барање.

Loading...

Азманов кој е сопственик на градежната компанија „Настел“, пред неполна година најави дека ќе поднесе кривична пријава против Бојан Јованосвки – Боки 13 кој според тврдењата на Азманов му барал рекет од 50 000 евра за да не се емитува емисијата „Инсајдер“ на 1тв.

Претходно во Обвинителството исказ даваше и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и продавчка во продавницата „Пјер Кардин“ од каде Боки 13 наводно купувал скап мебел.

Освен Бојан Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева кои се во притвор. По барање на Обвинителството, Судот пред два дена и го прдолжи притворот на Јанева за нови 30 дена.

Loading...