Home Вести Свет (ФОТО) Се појавија фотки од Еди Рама од неговата младост – имал...

(ФОТО) Се појавија фотки од Еди Рама од неговата младост – имал долга коса

Премиерот на Албанија Еди Рама е познат како голем љубител на уметноста и модата, a честопати тој по медиумите е коментиран за неговиот стил на облекување.

На неговите јавни настапи, Рама неретко знае да се појавува со кратки панталони комбинирани со долги чорапи, костум со патики, или дури во шорцеви.

Но, на последнити слики што ги објавија албанските медиуми, Рама е во сосема друго издание. На овие фотографии албанскиот премиер е многу млад и за првпат јавноста може да види како Рама изгледал со долга коса, но дури и во тоа време е облечен во посебен стил.

Тој носи црна маица и кремасти панталони, но по сè изгледа дека белите патики ги обожавал дури од тогаш.

Loading...