Home Живот Иселувањето придонесе да почнат да се продаваат куќи за 5 илјади евра...

Иселувањето придонесе да почнат да се продаваат куќи за 5 илјади евра – еве како изгледаат

Масовното иселување од балканскиот полуостров изминатите години, придонесе цели села да останат пусти. Освен што се намалува наталитетот, сега почнаа и да се продаваат куќите кои зјаат празни.

Во Војводина во соседна Србија се нудат куќи по цена од 5.000 до 18.000 евра. Како што пишува српски Телеграф, оние кои се продаваат за 5.000 евра потребно е да се реновираат.

За 5.000 евра се добива и мала површина земја, додека куќа плус земјиште од еден хектар чинат 14.000 евра. Вакви куќи има во околината на Кикинда. Куќа од неколку стотини квадрати чини 18.000 евра.

Извор: Фактор

Loading...