Home Вести Македонија Митко Јанчев воведе уште една новина – останатите градоначалници треба да одат...

Митко Јанчев воведе уште една новина – останатите градоначалници треба да одат на часови кај него

Од денеска кавадарчани на телефонскиот број 13 300 ќе можат да ги пријавуваат сите проблеми со кои се соочуваат, а за кои надлежна е општината и јавните претпријатија. Денеска и официјално беше претставен новиот проект кој го реализира Локална самоуправа Кавадарци. Повикувачкиот центар ќе работи 24 часа, седум дена во неделата.

На денешната прес конференција беше претставен овој проект, но и другите технолошки проекти кои ќе придонесат за подобри услуги кон граѓаните и поголема безбедност во општината.

„Кол центарот официјално започна да функционира пред десетина дена. Се наоѓа во посебна просторија на општинската зграда. Ќе се обработуваат повеќе информации. Ќе се примаат повици од граѓаните. Поврзан е со сите важни служби од општината, ЈП Комуналец, против пожарната единица и ЈП „Паркинг.“ рече Александар Ѓорѓиев, раководител на ИТ секторот .

Градоначалникот Митко Јанчев информира дека водоснабдувањето на Кавадарци се следи онлајн преку „скада ситем“. Во секој момент има информации колкави се резервите на вода, колкав е дотокот на вода, а по зони се следи и потрошувачката на вода.

„Станува збор за едни крупни макпотрпни и модерни проекти. Кол центарот е поставен на едно највисоко ниво. Од денеска денеска со 13 300 ги решаваме сите проблеми кои ќе ги пријават граѓаните во било кој дел од денот. На овој број не е потребна ниту привилегија ниту познавање. Едноставно проблемот да се пријави на 13 300. Со видео надзорот кој наскоро ќе почни да работи, ние како град ќе ја зголемиме безбедноста на сите граѓани, заштитата на нивните имоти и заштитата на урбаната опрема и објектите сопственост на општината“ рече Јанчев.

Тој најави дека во наредниот период уличните светилки ќе се вклучуваат по ГПС систем. Со овој систем нема да се троши електрична енергија непотребно, бидејќи светилките ќе се вклучуваат тогаш кога е потребно.

„Ние сме прва општина во државата која ги има овие два сектори и се надевам дека и другите општини ќе преземаат пример од нас од овие проекти, бидејќи тоа е правиот момент да се реагира во интерес на граѓаните. Овие проекти не чинат околу 4,5 милиони денари, занемарливо сума во споредба со она што го добива општината и граѓаните. Во наредниот период со законски измени истиот систем за видео надзор ќе може да го користи и полициска станица од општа надлежност, со мала надоградба на камери и сензори“ додаде Јанчев.

Целиот текст прочитајте го на КТВ

Loading...