Home Естрада Огнен Здравковски ја омажи сестрата во Белград – честиташе и Саша Ковачевиќ...

Огнен Здравковски ја омажи сестрата во Белград – честиташе и Саша Ковачевиќ (ФОТО)

Оле, постарата сестра на Огнен Здравковски и Богдан беа во врска повеќе од две години, а нивната љубов сега ќе ја крунисаат со брак. На социјалните мрежи може да се видат нивни заедни фотографии од одмори, патувања, присуство на свадби, а тие исто така го бодреа и Огнен додека беше во музичкото шоу.

Зетот на Огнен е од Белград, а има завршено во училиште за туризам и угостителство.

Честитки пристигнуваа од сите страни, а една од нив беше и на српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој изјави: „Само да им посакам се најубаво“ беше краток пејачот.

Овие убави вести, Оле ги сподели на својот „Инстаграм“ профил, а Здравкоски не чекаше многу да ја сподели среќата што неговата сестра се сврши и наскоро ќе заплива во брачните води.

„Вечни да сте ми мои најмили, ве сакам“ напиша Здравкоски во описот на фотографијата.

Loading...