Home Вести Македонија Пендаровски за по мандатот бара само една просторија во некоја државна институција

Пендаровски за по мандатот бара само една просторија во некоја државна институција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по истекот на мандатот нема да ги користи привилегиите кои му следуваат по закон. За ТВ24 од неговиот кабинет велат дека Пендаровски ќе се откаже од правото на користење на Кабинет со соработници и од доживотната претседателска пензија.

„По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности, велат од Кабинетот на претседателот.

Предлогот за намалување  на бенефициите на поранешните претседатели ја покрена Антикорупциска, откако трошоците ги оцени како непродуктивни.

Според нивните пресметки, Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски на пример, годишно имаат на располагање над 100 илјади евра за работни канцеларии, шофер, обезбедување, соработници и претседателска пензија.

Loading...