Home Вести Десетчлено семејство живее од милоста на хуманите луѓе ширум Македонија

Десетчлено семејство живее од милоста на хуманите луѓе ширум Македонија

Добрината на луѓето, ја врати надежта за подобра иднина на десетчленото семејство од Каратманово. Дарежливоста на хуманите луге ги наполни празните детски стомачиња, но и донесе светлина во нивниот скромен дом.

Со донации ова семејство почна да ја гради својата нова дневна соба. Во овие дваесетина квадрати, откако ќе се изѕидат, мирен сон ќе имаат најмалите Марија, Јован, Петар и Теодора.

Градежните работи одат полека. Санде сам гради. Најголема помош му е неговиот тринесетгодишен син, Дамјан.

Главата на ова десетчлено семејство е изнанеден од несебичноста на народот. Непознат битолчанец им го подмирил долгот кон ЕВН. Виничанец им ги платил сметките за вода, а скопјанец му оставил пари за бетон и арматура. Долг е списокот на донации кои во изминатите дваесетина дена откако Алфа ја објави приказната, пристигнаа во нивниот дом.

Добија нова перална, велосипеди, чиста облека, ранци, пелени и млеко за шестмесечната Теодора. И додека граганите несебично помагаат, надлежните институции не мрднуваат ниту со прст. Иако и Санде и Јасминка се невработени, никој не дошол да им понуди работа

Сега повторно е потребна помош. За децата да имаат топла соба,потребни се керамиди, прозорци, врата. Секој што сака да донира може да го стори тоа уплакајки на нивната сметка.

Loading...