Home Вести (ФОТО) Данска донираше два противпожарни камиони на Тетово

(ФОТО) Данска донираше два противпожарни камиони на Тетово

Тетовските пожарникари добија две нови возила – специјални камиони за гаснење пожари кои се донација од Данска. Камионите се обезбедени со залагање на Меџаит Љатифи доктор од тетовското село Доброште, кој долги години живее и работи во Данска.

Ука Алити, командир на тетовската противпожарна единица рече дека првото возило е главен камион за гаснење пожари со сета пропратна опрема, а цистерната претставува логистика за навалното возило.

– Како резултат на една соработка, противпожарната бригада доби два камиони со што се зголемува капацитетот на единицата за справување со пожари. Благодариме на Општина Теарце за ангажманот и првичната нивна иницијатива и посебно докторот Меџаит Љатифи кој успеа да ги донесе камионите до тука, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Меџаит Љатифи истакна дека за оваа иницијатива бил многу мотивиран знаејќи дека народот има проблеми со многу пожари.

Komuna e Tetovës sot pranoi donacionin nga shteti i Danimarkës 2 automjete mjaft të avancuara për nevojat e Njësisë…

Публикувахте от Teuta Arifi в Събота, 21 септември 2019 г.

Камионите биле наменети за Општина Теарце, но бидејќи се уште нема такви единици во рурални општини надлежност на возилата е префрлена на Општина Тетово.

Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце рече дека се надева оти законски

Loading...