Home Вести Македонија Кумот на Никола Груевски отворил сметка во Монако истиот ден кога биле...

Кумот на Никола Груевски отворил сметка во Монако истиот ден кога биле префрлени 9 милиони евра од „Диамед“

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си ја брка мувата од капата со криминалниот тендер на „Диамед“ преку лажни обвиниунвања и извртувања на реалноста. Сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Диамед“, стојат токму Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристе Новачевски, за што истрага води и Обвинителството за организиран криминал, соопштија денес од СДСМ.

Од таму велат дека официјални податоци укажуваат дека истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако.

„За фирмата „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати во Будимпешта кај Груевски и во Монако кај неговиот кум Новачевски. Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да конструира лажни случаи во здравството. Со месеци ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваше за криминал и незаконски постапки, за на крајот да излезе  Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и да соопшти дека јавните набавки во здравството се кристално чисти по што се прекинати предистражните постапки“, посочуваат од СДСМ.

Од таму бараат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да одговорат на прашањата:

Дали, тајкунот произлезен од режимот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори?

Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?

Loading...