Home Живот Познатиот наш музичар од болнички кревет со труба порача: Ќе се вратам...

Познатиот наш музичар од болнички кревет со труба порача: Ќе се вратам на музиката

Со музика полесно поминува престојот во болница. Музичарот Неат Велиов кој има 4 децениска кариера со неговиот блех оркестар, се опоравува од хируршката интервенција со трубата покрај него. На ортопедија го донеле во инвалидска количка. Поради сериозни проблеми со колената последните 5 години не можел да се движи самостојно. Операцијата во понеделникот била успешна за Неат.

-Пет години сум со количка. Сега можам да функционирам, ее гледате сега го мрдам коленото. Ќе се вратам на музиката, зашто изминатите години луѓето ме заборавија. Ме оперираше др. Камнар и сега сум супер, вели Неат Велиов музичар.

Неат Велиов е првиот пациент во земјата но и пошироко кај кого е направена операција и добил ново колено. Ортопедскиот хирург Виктор Камнар кој го оперирал Велиов, вели дека освен оваа интервенција нема друг спас за овие пациенти да не завршат како инвалиди.

– За прв пат во Македонија изведовме операција, тоа е реконструкција на коленов зглоб и тоа кај посебни состојби- пострауматски состојби, претходно вграднеи импланти и ова е напредна технологија и се прави кај многу тешки деформитети. Нема друг тип на лекување и овие лица завршуваат во инвалидски колички, вели др. Виктор Камнар ортопедски хирург.

Целата сторија проследете ја на Сител.мк

Loading...