Home Вести Пандов до Катица Јанева: Ти и Боки ќе го јадете за сите...

Пандов до Катица Јанева: Ти и Боки ќе го јадете за сите пари

Статус на Александар Пандов:

Катице, не знам дали се сеќаваш, ама едно време во твоја чест, секој ден во 18ч пред СЈО, доаѓаа да те бранат Никола Димитров, Бургија, Ордановски, Боки Тредичи, Фрчковски и кои се не, облечени со црни маички со твојот лик или со натпис СЈО, на кои се препознава твојата контура и на твоите ,,ангелчиња” Фатиме и Ленче?

Loading...

Морам да ти признам, тогаш за неарни ги сметав шарените кога ти се дереа под прозор #ТикТакТикТак, а тие погрлатите како Боки Бургија, па доста често знаа да ја викнат и #БудимпештаНеТиБегаНикола. Кога види ти сега, овие за се друго промашија, али за ова човек мора да им признае дека погодија сто!

Като вчера го гледам Јовевски и се жали на Жане Лупевска дека платата му била 5 х помала од твојата, но и повторно тврди дека политичари во аферата Рекет нема замешано! Со обвинителски јазик погоре кажаново не знам што значи, но во политички речник ова значи дека и тебе утре, како и Боки денес ќе те однесат кај Рускоска врзана со лисици, како говедо на колење, чисто да те понижи пред камери и да ти покаже која е Шефица во обвинителсто, воедно да те информира дека истрагата е завршена, а обвинението и пресудата веќе ви ги имаат напишано Шеќеринска и Заев.

Или да бидам попрецизен, ова во пракса значи дека ти и Боки ќе го јадете за сите пари или еве милиони, а сите знаеме дека и многу други политичари од СДС, новинари од 1 ТВ и итн, се мрселе од овие пари.

Кате единствената можна твоја одбрана во мометов е напад и тоа напад од сите орудија и муниција која ја поседуваш. Верувам прочита дека и Верушевски веќе се оградува од ,,бомбите” и тврди дека Заев на секаков начин ги модифицирал и компромитирал, поточно истото што јас и таквите како мене го тврдиме од самиот почеток, дека ,,бомбите” беа сечени, лепени и монтирани за СДС да дојде на власт. Така да на крајот сите невини, само ти и Боки црни овци.

Ти можеш и понатаму да си кротка и да си молчиш, меѓутоа знаеш како викаат во Македонија: ,,Кроткото јагне од два к.ра цица”! Знам, знам дека си во гужва пред утрешниот ден, се фарбаш и не знаеш главата каде ти е, но уште ова да те замолам, ако ме мислиш, тогаш утре како знак на распознавање те молам стави очила за сонце!

Loading...