Home Вести Македонија После името ,,Северна”, уште еден стар предлог на Љубчо Георгиевски ќе се...

После името ,,Северна”, уште еден стар предлог на Љубчо Георгиевски ќе се реализира

Љубчо Георгиевски, најнапаѓаниот политичар во историјата на плурализам во нашата држава, веќе десетици пати се докажа како добар прогнозер и аналитичар на многу настани во Македонија.

Тој речиси секогаш за секој негов предлог е напаѓан од политичарите и јавноста, за подоцна, неговите анализи да се покажат како исправни и да бидат реализирани. Еден од таквите ставови е оној за името. Љубчо уште пред десетина, петнаесет години го предложи името Северна.

,,ВМРО-Народна партија покрај илјадниците повици и апели, уште еднаш упатува поддршка за промена на Изборниот законик со што Македонија ќе биде – една изборна единица со минимален или без изборен праг, соопшти партијата.

– ВМРО-Народна партија се радува што предлогот за една изборна единица добива поддршка и од партиите кои во не толку далечната 2011 година кога и за прв пат укажавме на потребата од промена на изборниот законик, не смогнаа сили да се придружат кон нашиот предлог и го поддржат иако учествуваа во владината коалиција – велат од партијата и додаваат дека и по осум години стојат на ставот дека со ваквата промена ќе се забетонира плурализмот односно широко ќе се отвори демократскиот процес подеднакво за сите партиско-политички чинители.”, велат од ВМРО-Народна.