Home Естрада Српската пејачка за еден викенд во Македонија со два настапи на плејбек...

Српската пејачка за еден викенд во Македонија со два настапи на плејбек собра 8.000 евра

Луна Џогани, младата српка пејачка викендов пееше во Кавадарци и во Струмица каде за двата настапи и вкупно 4 часа доби брдо пари, пренесуваат српските медиуми.

Како што се наведува, Луна не отпеала ниту една песна во живо, туку целиот нејзин настап бил на плејбек, а со тоа пејачката многумина разочарала бидејќи публиката чекала да запее во живо. За целиот настап како што се наведува таа добила вртоглави 8 илјади евра и таа пеела песни кои можат да се најдат на плејбек на интернет.

„Ако планирала настап на плејбек барем да ги снимила песните во студио па да ги пушти песните за време на настапот. Ова е срамота, вели за српските медиуми еден од сведоците на нејзиниот настап во Македонија.

Тој додава дека ниту сопствената песна не ја отпеала во живо, микрофон на неа не ни и требало, заврши тој.

Loading...