Home Живот Сузана Турунџиева: Абе беља работа сме ние жените – нит се води,...

Сузана Турунџиева: Абе беља работа сме ние жените – нит се води, нит се тера

Звучи малку дволично, а?!

Е, па, не е. Инспирирана од некои писанија, психоемотивни испади и објави по социјалните медиуми, во кои некои луѓе си дозволуваат да привлечат внимание, да побараат поддршка или да добијат бесплатен психијатриски совет, а притоа да се испожалат од својот/ата бивш/а партнер/ка, денес, ете така, ми текна да си го одврзам јазикот и да седнам и јас (вака јавно) да си прашам:

Што сме ние (останатите) должни да читаме секакви жалби и поплаки и да се бавиме со љубовните (не)прилики на поединци, кога таму (на социјалните мрежи) не им е местото, и башка си има место каде да се обратиш и да ги решаваш љубовните јадови!?

Та малку ли ни се нашите гајлиња, па и со туѓите да се занимаваме, а?

Затоа убаво си напишав. Не дека не треба да зборуваш за бившите, а уште помалку пак да ги фалиш. Ама што има да се жалиш, бре?! Кому му е гајле? Мислиш дека некого го интересира кој(а) те излажал(а), изневерил(а), или не го одржал(а) зборот, па ајде сега плукај на „Фејсбук“ и секаде кај што си имаш профил, па замарај ги луѓето со твоите интимни проблеми?

Знам дека не е пријатно да ти се „набијат рогови“ и сите да ти ги гледаат само ти „појма да немаш“ што се случува, ама, дајте луѓе, покажете малку достоинство. И култура.

И не замарајте со вашите „јадиковки“. Поплаките и жалбите, на пример можете да си ги формулирате, и уредно да си ги доставите до некој „шалтер“ кај што му е местото… Кај некој психотерапевт, брачен советник или друг профил на личност која е платена и квалификувана да дели совети на таа тема… И да ве чита или слуша…

Целата колумна проследете ја на Вечер

Loading...