Home Живот Женската која јава во спотот на ,,Некст Тајм” му стана девојка на...

Женската која јава во спотот на ,,Некст Тајм” му стана девојка на синот на Ѓорге Иванов (ФОТО)

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, деновиве е „топ тема“ од забавните рубрики на домашните медиуми.

Иван, кој беше препознатлив како младото момче со бујна коса и лежерен стил, веќе извесен период има комплетно нов имиџ, но и нова љубовна врска.

Станува збор за одбојкарката Власта Ружиновска, која според пишувањето на „Слободен печат“ веќе подолг период е во романса со Иванов, а била и меѓу присутните на забавата по повод неговиот роденден.

За Иван е познато дека студираше на Правниот факултет, отсек политички науки, но за малкумина е познато дека и Власта по струка е правник, иако е позната само како одбојкарка.

Своевремено таа се појавуваше во реклами, а исто така имаше и главна улога во спотот на „Некст тајм“ за „Ја излези Ѓурѓо“, каде ги покажа и своите вештини во јавање.

Loading...