Home Вести Ја напушта Шутка и си оди дома – еден од осомничените во...

Ја напушта Шутка и си оди дома – еден од осомничените во „Рекет“ во куќен притвор

Катица Јанева по втор пат се соочи со Вилма Рускоска. За разлика од пред 24 дена, поранешната шефица на СЈО, во Обвинителството за организиран криминал денеска на пладне беше донесена од Шутка со полициско комбе.

Со лисици и кеса во рацете, затворската полиција ја внесе во зградата за да даде исказ како осомничена во „Рекет“. По неполн час, Јанева излезе и ја вратија во притвор. Не кажала ништо пред Рускоска. Сакала лично да направи увид во доказите во четврток, па дури потоа да ја каже својата верзија на аферата.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето на адвокатите на Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец кој е второосомничен за „Рекет“ и мерката притвор му ја замени со куќен притвор. Одлуката е донесена откако Судот добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Loading...

„Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор.

Loading...