Home Живот Непозната жена ми остави во наследство се’ што имаше, а мајка ми...

Непозната жена ми остави во наследство се’ што имаше, а мајка ми родена ме фрли на улица

Моите родители, мајка ми која ме родила и татко ми, ако сум го имала, ме фрлиле на улица, а некои луѓе ме нашле и ме однеле во дом за сираци. Пораснав во тој дом за сираци, секогаш бев многу слаба, најслаба, и секогаш ми ја крадеа пред нос храната, ме тепаа и ме понижуваа.

Ама во училиште за разлика од другите деца бев одлична, имав многу време за учење зошто немав другарки со кои би си играла.

Завршив и средно училиште, ама, после средното, како и многу други со мојата судбина, завршив на улица. Останав без кров на главата и без кревет што ми падна многу тешко.

Спиев каде ќе стифнам како куче, кога можев се шверцував во домот, кога не можев спиев под мостот, во паркот… мислам дека за цел живот ми се вовлече студ во коски.

И така еден ден во паркот додека лежев на клупата, ми пријде една баба со мало кученце која тука ја среќавав речиси секој ден. Ми се насмеа и ме праша дали би сакала да појдам со неа за да и помогнам нешто околу станот, а за тоа таа ќе ми дала пари.

Веднаш без размислување и реков дека се согласувам и заминав со неа. Кога стигнавме до нејзиниот стан кој беше веднаш блиску, таа ми даде сок и ми рече да седнам за да разговараме.

И тогаш ми кажа дека вистинската причина зошто ме повикала не е еднократна работа, туку ме сакала за постојано. Јас сум, ми рече, стара и немоќна, болна, не можам веќе да се грижам за себе и за станов како порано, тешко ми е, а имам соба за тебе ако сакаш да живееш со мене и да ми помагаш. Моите деца се надвор во странство, нема кој друг да се грижи за мене, а не ми се оди во дом за старци. Тука во паркот си имам пријателки со кои се гледам и си разговарам, а некогаш ми доаѓаат на кафе…

Не ми се веруваше дека конечно Господ се смилувал на мене, нормално дека веднаш прифатив и веднаш ја засакав бабичката.

Прифатив, меѓутоа не можев да верувам каде дојдов, станот можеби имаше преку 100 квадрати, бабата беше вдовица на некој воен офицер, а и веќе имаше една жена што и доаѓаше да и чисти еднаш во неделата.

Сфатив дека не и била потребна мојата работа, туку таа се сожалила над мене и затоа ме прибра под својот кров. Набрзо ми најде и работа како продавачка во еден колонијал во близина. Не се жалам, супер ми е! Кров над глава, топол кревет, јадење, работа, мои пари, љубезна баба… што би посакала повеќе!

Немав мајка, немав ни баба, ама кон оваа жена чувствував нешто возвишено, божествено. Ја гледав како светица. Живеевме заедно вака само 3,5 години, и таа за моја голема жалост си почина.

Се’ ми остави на мене, целиот стан и 20 000 евра. Мислев дека сонувам, конечно имав за што сонував, ама не можев да се израдувам, зошто без неа ништо ова не ми вреди, многу ми недостига, како со неа да си замина и дел од мене. Мислев дека сум многу силна и дека никој во животот нема да ми недостига, ама… мила моја, знам дека си во рајот и дека ми се смешкаш од горе, сакам да ти кажам дека те сакам до небото и ѕвездите и дека сум ти бескрајно благодарна што ми подари нов живот, за се’ што направи за мене.