Home Живот Сашко Коцев со сопругата се спрамаат за прослава на важен повод

Сашко Коцев со сопругата се спрамаат за прослава на важен повод

Сашко Коцев со сопругата во ноември 2017 година станаа родителите за првпат на нивната ќерка Јоана. Сашко оттогаш ужива во семејната идила, а досега неколку пати изјави дека татковството го променило.

-Ми се појави еден нов свет, едни сосема нови и непознати чувства што ме влечат накај дома. Дури и кога имам време за одмор, не ми даваат, туку ме тераат да станам да ја гледам додека таа спие.

Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи. Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на Јоана и креативниот процес.

Loading...

– Го користам секој момент за творење и чување. Тоа е комбинација на нишање за заспивање и пишување некој текст во главата… потоа мавтање со играчката, истовремено поминување текст за вечерашната претстава или, пак, топлење млеко и правење план во главата за утрешната проба“, изјави Коцев во една прилика.

Наскоро се ближи роденденот на Јоана, а пред нејзиниот роденден Сашко и Смиљана имаа убав повод за славење.

Имено, тие прославија 7 години од бракот. По тој повод актерот на својот „Фејсбук“ објави фотографија од свадбата, а во описот напиша само 7.

Loading...