Home Естрада Нашиот Славеј Анета Молика растури во Србија со ,,Македонско девојче” (ВИДЕО)

Нашиот Славеј Анета Молика растури во Србија со ,,Македонско девојче” (ВИДЕО)

Во Босна не igraj, во Србија не pej, а во Македонија немој ниту да играш ниту да пееш. Така некако гласеше поговорката популарна во време на битисувањето во бившата ни држава Југославија.

Македонија навистина може да се пофали со извонредни пејачки имиња, но неколку од нив, како Наум Петрески, Бадев, Сариевски, Сузана Спасовска, Тоше и многу други ќе останат запишани како легенди во нашата музичка историја.

Една од нив секако е и Битолчанката Анета Молика. Тоа што вреди се цени секаде, па така, Анета последниве десетина години е постојан гостин во музичките емисии на телевизиите во соседните земји.

Оваа пролет, Анета имаше настап на Гранд, а присутните во студиото и покрај малите екрани опстанаас занемени од прекрасната изведба на евергринот ,,Македонско девојче”!