Home Живот Принцот Хари по стапките на мајка си: Прошета низ минско поле...

Принцот Хари по стапките на мајка си: Прошета низ минско поле исто како Дијана пред точно 22 години

-Принцезата Дијана никогаш не ги виде резултатите од својата работа за забраната од поставување на нагазни мини. Погина во август 1997 година, само неколку месеци пред да биде потпишан меѓународниот договор за забрана на ова оружје.

Принцот Хари во моментов се наоѓа во Ангола каде во рамките на кампањата за забрана на нагазни мини, го обиколи истото минско поле по кое прошетала и неговата мајка пред 22 години.

Фотографиите кои ги објавија британските медиуми, а на кои се наоѓа британскиот престолонаследник, многу се слични на оние на кои се наоѓа Дијана од 1997 година.
Хари прошета низ делот кој некогаш бил база на антивладините сили и патеката била обележена со црвени предупредувачки знаци на кои пишувало “внимавај, мини”.

Принцезата Дијана никогаш не ги видела резултатите од своите напори за укинување на ова разорно оружје. Погина во август 1997 година, само неколку месеци пред да биде потпишан меѓубародниот договор за забрана на ова оружје.