Home Естрада Еве како Карлеуша ги воспитува своите ќерки: Таа смета дека сите деца...

Еве како Карлеуша ги воспитува своите ќерки: Таа смета дека сите деца се раѓаат невини

-Сметам дека ниедно дете не е родено за зло, дека децата се впивачи и емитери на она што го гледаат околу себе – вели познатата пеачка.

Популарната пеачка Јелена карлеуша јавно го осуди насилството кое се случи во училиштето од Барајево, чија снимка го обиколи Балканот, а на која две девојчиња ја злоставуваат другарката.

Пеачката смета дека ниедно дете не е родено зло и дека децата не можат да бидат главните виновници кога станува станува за вакво насилство.

-Сметам дека ниедно дете не е родено за зло, дека децата се впивачи и емитери на она што го гледаат околу себе…Генерално, децата не можат да бидат виновни за вакви работи – изјавила Јелена.

Ќерките на пеачката, Атина и Ника Тошиќ имале непријатни ситуации со своите врсници, па поради тоа Јелена реагирала на свој начин.

-Имавме таков случај, каде детето е од лошо семејство или детето има проблеми во семејството или се случуваат некои стресни ситуации за детето, па јас тоа го оправдувам. Им велам на Атина и Ники: “Тоа е поради тоа и тоа”, разговарам веднаш со учителката, тоа го решаваме на фин начин и допирам до родителите – вели Карлеуша.