Home Естрада По изјавата на Кардашијанки цела публика ги исмеа – тие се осетија...

По изјавата на Кардашијанки цела публика ги исмеа – тие се осетија повредени

Старлетите Ким Кардашијан и Кендал Џенер се појавија на доделувањето на Еми наградите за да ја врачат наградата во категоријата „најдобра ријалити серија“, која практично не ни постоела додека не беше прикажана првата епизода на нивното шоу „Во чекор со Кардашијан“. Пред да му ја врачат наградата на победникот, сестрите одржале говор која денеска е главна тема.

– Нашето семејство од прва рака најдобро знае дека убедливата телевизиска содржина доаѓа од реалните луѓе кои пред камерите се однесуваат како и во реалноста – рекла Ким.

На тоа се надоврзала Кендал: „Тие ги раскажуваат своите приказни без никакви филтери и сценарија.“

Публиката на овие зборови почнала да се смее, а тоа ги налутило сестрите, бидејќи не делувало дека во текот на говорот дека се шегувале.

Брзо се огласила и публиката на социјалните мрежи и на сите им било смешно тврдењето на сестрите дека нивното реално шоу се снима без сценариот и без однапред договорени ситуации.

Видеото погледнете го тука