Home Естрада Сузe Спасовска: Сега ќе си молчам и само ќе ве изненадам

Сузe Спасовска: Сега ќе си молчам и само ќе ве изненадам

По спектакуларното издание на “Лешочки фолк фест 2019” кој што успеа повторно да го организира, пред Сузана Спасовска е уште еден голем проект. Како што открива таа, станува збор за животен проект, а тоа е свадбата на нејзината ќерка.

Откако ќе помине тој голем настан, Сузана најавува бројни изненадувања за нејзината публика.

Од мене публиката треба да очекува многу, меѓутоа мене сега овој проект ми заврши, а следниот проект ми е свадбата на ќерка ми, тоа е еден голем животен проект. Потоа веќе мојата публика може да очекува многу многуу, да не набројувам, но само кратко ќе кажам. Моите шест цд-а излегоа со мојата малечка монографија од 120-130 страници и веќе наредно е ново цд, односно албум од три цд-а, а ќе следуваат уште неколку изненадувања кои што не можам да ги откријам бидејќи секогаш ме копираат. Затоа сега ќе си молчам и само ќе ве изненадам.-истакна Спасовска, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Покрај тоа што е директор на “Лешочки фолк фест”, Сузана секако дека не можеше да одолее, а да не застане на сцена пред публиката.

Спасовска настапи претпоследна со песната “Среќо мајкина”, за која текстот го напиша самата таа, а музиката и аранжманот се дело на Дејан Миленковски.