Home Естрада Зинала за пари и кариера а пее 2 часа на плејбек –...

Зинала за пари и кариера а пее 2 часа на плејбек – Каќа жестоко распали по Луна

-Зинале за пари и за слава, ама од тоа не се живее, ниту ќе опстојат во оваа работа долго – изјавила Катарина. Луна Џогани откако излезе од ријалити шоуто се посвети на музичката кариера, па се појави со својата прва песна и почна да настапува, меѓутоа не наиде на поддршка од колегите.

Каќа Грујиќ и порача на Луна да не се смета рамна на неа, и дека ќе остане така се додека не си создаде свој бенд и сними сериозни песни. Како што се наведува, тоа не се однесува само на неа – тука на сите оние кои “скокаат” на сцена по излегување од ријалити шоуто.

-Не може некој да се претставува како пеачка кога тоа не е. Не можам да бидам со рејалити пеачка во ист кош и не можам да одадам признание на некој кој ќе излезе на бина и два часа пее на плејбек со лаптоп.

Тоа не се пеачи! Кога ќе имаат свој бенд и ќе снимаат сериозни песни, тогаш може да бидат на мој ранг, а дотогаш нека се бламираат. Зинале само за пари и слава, ама од тоа не се живее, ниту ќе опстојат во оваа работа – изјавила Катарина без влакна на јазикот.